ЕДНАКВА ВИНА ИМА ТОЈ ШТО ДАВА МИТО И ТОЈ ШТО ПРИМА МИТО

https://www.youtube.com/watch?v=vx2773eSbec
Во едно средно училиште е распишан конкурс за
вработување психолог. На огласот се пријавуваат 50 лица,
меѓу кои и ќерката на директорот на училиштето. Комисија
составена од неколку члена, меѓу кои и директорот,
одлучува за избор на најдобриот кандидат. Ќерката не
исполнува само еден услов согласно конкурсот, има само
2 години наместо најмалку 5 години работно искуство.
Сепак, Комисијата одлучува таа да биде избрана и
вработена.


Општинскиот совет овозможува да се донесе одлука со која
се дозволува да се гради зграда на атрактивна локација,
без притоа да се води сметка за ефектот по загадувањето
и животната средина. Членовите на Советот на тој начин
работат под влијание и во корист на градежниците, без да
водат сметка за здравјето на луѓето.
Дали ова е пример за корупција?
Published: Jun 6, 2022
Latest Revision: Jun 6, 2022
Ourboox Unique Identifier: OB-1344912
Copyright © 2022